Армискиот лекар Мајкл Стокин се соочува со 50 точки од обвинението за недолично однесување. Имено, бројни американски медиуми кои го следат судењето во Вашингтон веќе го нарекоа „најголемото воено кривично гонење за злоупотреба“.
Стокин (38) е обвинет за наводно малтретирање на 41 машки пациент додека работел како анестезиолог во армиската болница Мадиган, лоцирана во заедничката база Луис-Меккорд, една од најголемите воени бази во САД.
Најраните инциденти, кои вклучуваат несоодветно допирање на пациентите, започнаа кон крајот на 2019 година и продолжија до 2022 година. Многу од случаите вклучуваат допирање на гениталиите на пациентите, а обвинетиот наводно се обидел да ја прикрие наводната злоупотреба со лажно тврдење дека допирањето имало „медицинска цел“.
Се очекуваше Стокин да се изјасни за невин по обвиненијата, но тој избра да го одложи да се изјасни на првото сослушување. Роберт Каповила, адвокатот на Стокин, ја повика јавноста да ја задржи пресудата додека случајот не заврши.
„Имаме намера да се бориме со секое обвинение додека поротата не ја донесе својата пресуда. Дотогаш, искрено се надеваме дека американската војска е целосно подготвена да ги почитува уставните права на Стокин во секоја фаза од овој процес, внатре и надвор од судницата. Ги повикуваме сите да имајте отворен ум, да запомните дека Стокин се смета за невин и да разберете дека оваа борба допрва започнува“, рече адвокатот.
Доколку биде прогласен за виновен, Стокин може да се соочи со затворска казна и да биде отпуштен. Доколку биде осуден по сите точки од обвинението, Стокин би можел да добие затворска казна од 330 години, доколку казните се издржуваат последователно.