Американски суд: Судскиот процес против Болтон може да продолжи

Од:

Американски суд донесе одлука дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп може да го продолжи судскиот процес против неговиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон, поради книгата што ја објави.

Судијата го отфрли барањето на поранешниот советник на Трамп да ја отфрли тужбата на Министерството за правда, кое тврди дека книгата на Болтон „Собата кадешто тоа се случи“ ( The Room Where It Happened) содржи доверливи информации.

Владата поднесе тужба против Болтон во јуни, во обид да го спречи објавувањето на книгата.

Во меѓувреме книгата е објавена, но судењето против Болтон може да се продолжи, изјави судијата Ројс Ламберт во образложението на 27 страници.

Министерството за правда на САД го обвинува Болтон за кршење на договорите со владата објавувајќи доверливи информации.

Во книгата, Болтон изнесува детали за 17-месечниот период во кој бил советник за национална безбедност на Трамп.

Книгата содржи описи на разговори со лидери на други земји кои можат да бидат компромитирачки за американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски