Студенти од Колеџот во Амхерст во американската сојузна држава Масачусетс почетокот на новата академснка година го прославија со изработка на досега најголемата овошна салата во светот.
Овошната салата тешка 6.800 килограми веднаш влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Салатата содржи 150 различни видови овошје, а во нејзината изработка учествувале околу 500 студенти.