Американски сенатори: Перверзно е поранешни нацисти да земаат надомест

Од:

Двајца американски сенатори објавија планови за воведување закон, кој би забранил исплата на надомест за американско социјално осигурување на поранешни нацисти.

На предложената мерка и претходеше извештај од агенцијата „Асошиејтед прес“, кој откри дека милиони долари им се исплатени на осомничени за воени злосторства и на поранешни стражари на СС, кои од САД се преселиле во европските држави.

Според наводите десетици лица осомничени за припадност или соработка со нацистите, добиваат надомест од америкнското социјално осигурување, откако биле принудени да го напуштат тлото на САД. Станува збор за лица чии постапки во тек на Втората светска војна го предизвикале нивното присилно заминување од САД, но тие се уште не се обвинети за воени злосторства.

-Предолго им беше дозволено да добиваат надомест за социјално осигурување и тоа сега треба да престане. Перверзно е што тие злосторници можеле да живеат луксузно благодарение на американските даночни обврзници – рече сенаторот од Њујорк, Чарлс Шумер.

За исплата на социјалниот надомест на тие лица, виновен е законот, кој му овозможил на американското Министрство за правда, осомничените нацисти да ги наговори да ги напуштат САД. Податоците добиени врз основа на разговори и увид во архивата на американската влада, покажуваат дека доколку лицата прифатат да ги напуштат САД или едноставно побегнат пред да бидат протерани, можат да го задржат својот статус во составот на социјалното осигурување.

Еден од нив е и некогашниот чувар од Аушвиц, Јакоб Денсингер кој во 1989 година бил принуден да ја напушти Америка и кој денес живее во Осиек, во Хрватска благодарение на надоместот од американското социјално осигурување, кој изнесува околу 9.000 куни месечно.

Инаку Денсингер не сакал да разговара со екипата на „Асошиејтед прес“, но неговиот син Томас кој живее во САД потврдил дека неговиот татко добива надомест и дека тоа го заслужува.

Американското социјално осигурување одбило да го пријави вкупниот број на осомничени нацисти кои примале или се уште добиваат надомест од САД, со образложение дека институцијата не ги следи само податоците кои што се поврзани исклучиво со нацистичките случаи.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Австралија ги забрани нацистичките поздрави, сувенири и симболи

Горан Наумовски

Шокантно откритие на градската управа на Потсдам – Јозеф Гебелес е се уште на листата на почесни граѓанини

Ана Ололовска

96-годишна Германка, поранешна секретарка во нацистички логор, побегнала пред судење

Нацистичкиот генерал 12 години работел во западногерманското разузнавање

Ана Ололовска