Американски разузнавачи: Путин ја сака цела Украина, идејата е Русија уште да се шири

Од:

Американските разузнавачки служби предупредија дека рускиот претседател Владимир Путин има намера да ја окупира цела Украина и да ги врати деловите од Европа што некогаш му припаѓаа на Советскиот Сојуз, и покрај тековните мировни преговори.

Пред американското предупредување, имаше и предупредување од Украина, генерал-потполковникот на Главната разузнавачка служба на Украина, Кирило Буданов, истакна дека според нивните сознанија, идејата на Русија е да продолжи да се шири.

Според тврдењата на шест извори запознаени со податоците на американската разузнавачка служба, воените цели на Путин остануваат непроменети, што е во остра спротивност со пораките на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите преговарачи кои тврдат дека Путин сака крај на конфликтот, пишува Ројтерс.

Проценките на американската разузнавачка служба се конзистентни откако започна инвазијата во 2022 година и се совпаѓаат со ставот на европските лидери, кои исто така веруваат дека Путин сака контрола врз цела Украина и териториите на поранешните членки на советскиот блок, вклучително и некои членки на НАТО.

„Разузнавањето отсекогаш велеше дека Путин сака повеќе“, изјави за Ројтерс Мајк Кугли, демократски член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом.

„Европјаните се убедени во тоа. Полјаците се апсолутно убедени во тоа. Балтичките земји мислат дека се први кои го знаеле тоа“.

Во моментов, Русија контролира околу 20% од украинската територија. Путин ги смета сите четири анектирани покраини – Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон – како и Крим за руски територии. Како дел од предложениот мировен договор, Трамп врши притисок врз Киев да ги повлече своите сили од мал дел од Донецк, што украинскиот претседател Володимир Зеленски и повеќето Украинци го отфрлаат.

Од друга страна, Белата куќа вели дека е постигнат огромен напредок.

„Тимот на претседателот постигна огромен напредок кон завршување на војната“, а Трамп рече дека мировниот договор е „поблиску од кога било“, рече неименуваниот функционер.

На својата годишна прес-конференција, Владимир Путин не понуди компромиси, иако рече дека е подготвен да зборува за мир. Тој нагласи дека неговите услови мора да бидат исполнети, истакнувајќи дека неговите сили напредувале за 6.000 квадратни километри оваа година.

Дури и некои претставници на администрацијата на Трамп признаваат дека Путин можеби не е подготвен да се откаже од своите првични цели.

„Не знам дали Путин сака да склучи договор или дали Путин сака да ја преземе целата земја. Тоа се работите што тој отворено ги кажа“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио.

Би можело да ве интересира

„Проект Зора“: Со 112 милјарди долари, САД ќе ја обновува Газа

На Ник Рајнер му е дијагностицирана шизофренија пред да ги убие родителите

Зеленски во очај: „Има се повеќе и повеќе Руси, станува сè потешко“

Објавени барањата на Епстајн кон луѓето што му обезбедувале малолетни девојчиња

Предраг Петровиќ

„Скај њуз“: Путин ги покажа Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон како руски територии

Путин: Руската економија стабилна и покрај предизвиците, инфлацијата во 2025 година најмногу 5,8 проценти