Американски разорувач влегол во водите на Јужното кинеско море

Од:

Кинеската војска денеска соопшти дека забележала и придружувала американски разорувач кој илегално влегол во водите околу островите Парасел во Јужното Кинеско Море. Во соопштението, војската вели дека разорувачот со наведувани проектили УСС Милиус навлегол во територијалните води на Кина, нарушувајќи го мирот и стабилноста на прометниот воден пат.

„Нашите сили постојано ќе бидат во состојба на готовност и ќе ги преземат сите неопходни мерки за одлучно да го заштитат нашиот суверенитет и безбедност и стабилност во Јужното Кинеско Море“, изјави Тијан Џунли, портпарол на јужната команда на Кина.

Американската морнарица денеска ја оспори изјавата на кинеската војска, велејќи дека разорувачот вршел „рутински операции“ во Јужното Кинеско Море и дека не бил избркан. „САД ќе продолжат да летаат, пловат и оперираат секаде каде што дозволува меѓународното право“, се вели во соопштението на Седмата флота на американската морнарица.

Тензиите меѓу САД и Кина се зголемија во областа. Соединетите Држави ги зајакнуваат сојузите во азиско-пацифичкиот регион со цел да се спротивстават на кинеската самоувереност во Јужното Кинеско Море и Тајванскиот теснец додека Пекинг се обидува да ги унапреди своите територијални амбиции.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД