Американски маринци од Кувајт ќе бидат дислоцирани во Ирак

Од:

Припадници на американскиот Марински корпус стационирани во Кувајт наскоро ќе бидат дислоцирани во западниот дел на Ирак, објави ирачката телевиизја „Ал Багдадија“.

– Околу 2.300 припадници на американските сили за брза реакција, кои беа стационирни во Кувајт на почетокот на овој месец, наскоро ќе бидат префрлени во провницијата Анбар за да го спречат напредувањето на борците на групата Исламска држава, тврди телевизијата.

Според истиот извор, амрикански војници кои веќе се наоѓаат во Ирак ги подготвуваат базите за доаѓање на маринците во провинцијата Анбар, која се наоѓа во западен Ирак, долж грницата со Сирија.

Причина за распоредувањето на дополнителни американски војници во Анбар е „значителното влошување на безбедносната состојба во провинцијата последно време“.

Од 8 август САД и нивните сојузници започнаа со воздушни напади врз позициите на ИД во Ирак, а од 22 септември ударите беа проширени и врз цели на групата во Сирија.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација