Бајден денеска нема да врши притисок врз Зеленски да седне на преговарачка маса со рускиот претседател Владимир Путин, изјави американскиот функционер.
„Тие ќе разговараат за секој елемент од конфликтот, вклучително и за состојбата на линијата на фронтот“ и за проценките за тоа како да се оди напред, рече претставникот.
„Претседателот нема да дојде со порака за притисок врз Зеленски на кој било начин. Тоа ќе биде порака за солидарност и поддршка, координација и усогласување“, рече тој.
До денес, администрацијата на Бајден обезбеди воена помош од околу 20 милијарди долари за Украина, вклучувајќи артилериска муниција, муниција за системот за воздушна одбрана НАСАМС и ракетни системи ХИМАРС.
Снабдувањето со ракети „Патриот“ за Украина треба да ја подобри воздушната одбрана на Украина од руските ракети. Украинските сили ќе бидат обучени во трета земја, рече претставникот.
Ројтерс минатата недела објави дека Германија би можела да биде земјата каде што ќе се одржи обуката. Плановите за посетата на Зеленски беа чувани во тајност бидејќи американските и украинските власти се обидоа да го извлечат безбедно од земјата и да го доведат во САД.
Бајден сакаше да ја посети Украина, но тоа не беше можно од безбедносни причини.