Американски фирми можат да соработуваат со „Хуавеи“ на стандарди за 5Г

Од:

Американските компании можат да соработуваат со „Хуавеи“ за да воспостават стандарди за технологии од следната генерација, соопшти Министерството за трговија на САД.

„Ова е важна одлука затоа што тоа значи дека американските компании ќе можат да учествуваат во формирањето стандарди, односно дефинирањето на технички детали и правила со кои се уредува работата на критичните технологии“, информира Си-ен-би-си..

Во мај 2019 година „Хуавеи“ беше ставен на американската таканаречена црна листа на компании, со што им се ограничува соработување на американски фирми со таа кинеска компанија и кои мораат да побараат дозвола за да ги продаваат своите производи на „Хуавеи“. Но, црната листа создаде забуна околу тоа дали американските фирми можат да се вклучат во разговорите за воспоставување стандарди и да учествуваат во организации, каде е присутен и „Хуавеи“.

Би можело да ве интересира

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво

Тајмс: Путин се обиде да манипулира или измами пет американски претседатели

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Преговорите меѓу Русите и Американците завршија