Американски Ф-16 нападнаа локации во Сирија поврзани со иранската Револуционерна гарда

Од:

Рано утринава американската војска изврши воздушни напади на две локации во источна Сирија поврзани со иранската Револуционерна гарда, објави Пентагон, додавајќи дека нападите ги извршиле два борбени авиони Ф-16.

Нападите беа извршени како одговор на серијата напади со беспилотни летала и ракети врз американски бази и персонал во Ирак и Сирија од 17 октомври. „Овие удари ја одразуваат решеноста на американската влада да одржува рамнотежа и да ја одврати понатамошната агресија, која може да биде поттикната од конфликтот на Израел со Хамас“, коментира Пентагон.

Според Пентагон, од минатата недела имало најмалку 12 напади врз американски бази и персонал во Ирак и четири во Сирија.

Генералот на воздухопловните сили Пат Рајдер изјави дека 21 американски војник бил повреден во два од нападите.

Во изјавата, секретарот за одбрана Лојд Остин рече дека нападите биле одговор на серијата постојани и главно неуспешни напади од групите поддржани од Иран.

Тој нагласи дека оваа операција е одвоена и различна од конфликтот на Израел со Хамас.

Иако САД не го обвинија Иран за директна улога во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, тие забележаа дека Иран долго време ја поддржува терористичката група, пишува Sky News.

Слично на тоа, иранските официјални лица отворено ги критикуваа САД дека му дадоа на Израел оружје што беше користено во нападите врз Газа.

Овие напади не беа изненадување бидејќи Белата куќа јасно стави до знаење дека ќе одговори во моментот и на начинот на кој ќе избере.

Американските власти редовно нагласуваат дека одговорот на САД е дизајниран да биде пропорционален и има за цел да ги спречи нападите врз американскиот персонал кој се бори против групата Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија