Томас Фридман, колумнист на „Њујорк Тајмс“ и добитник на Пулицерова награда изрази загриженост од евентуална војна меѓу Израел и Иран, која би можела да се прошири и надвор од израелските граници.
Тој ја оцени Северна Кореја како најризична земја за инвестирање, но предупреди и од високиот ризик од конфликтот помеѓу Иран и Израел во сириско-либанската арена, на кој што треба да се обрне внимание.
Фридман својата кариера ја почна со известување за Блискиот Исток, а во моментов е загрижен бидејќи нема некоја голема препрека на патот за конфликт меѓу двете земји и потсетува дека Иран подолго време повикува на уништување на Израел.
– Тие купуваат подморници и ви гарантирам дека овие подморници сега се наоѓаат во Персискиот Залив и имаат крстосувачки ракети на нив, рече Фридман, додавајќи: „Кој мисли дека оваа војна ќе биде само војна меѓу Иран и Израел и само во Голан, и Јужен Либан се залажува. Мислам дека тоа е една од најопасните арени во светот денес“.
Тој смета дека главна улога во регионот има рускиот претседател, Владимир Путин, кого Израелците го повикуваат да го спречи Иран.