Базата на американската армија во Џорџија, Форт Ајзенхауер, денеска беше затворена еден час поради, како што рекоа надлежните „опасна закана“.
Оперативниот центар на базата објави на социјалните мрежи дека е неопходно веднаш да се затвори базата и да се преземат соодветни мерки, пренесе АП.
Центарот подоцна објави дека заканата поминала и дека нормалната работа може да продолжи.