Aмериканската морнарица објави видео снимки и фотографии на кои се гледа како американскиот амфибиски транспортер УС Портланд со ласерски топ уништува беспилотно летало над Пацификот, јави денеска Си Ен Ен
Американската морнарица не соопшти колку е моќен новиот ласерски оружен систем (LSWD), ниту точната локација на тестот, но се знае дека пробата се случила на Пацификот на 16 мај.
Американскиот институт за стратешки студии наведува во извештајот за 2018 година дека се очекува новиот ласерски топ да има моќност од 150 киловати.
Капетанот на УС Портланд, Кери Сандерс, изјави дека со овие нови напредни оружја „американската морнарица ќе го редефинира војувањето на отворено море“.