Американската министерка за финансии ги повика европските сојузници да заземат заеднички став за Кина

Од:

Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска во Брисел предупреди дека западните сојузници мора да заземат обединет став за деловните практики на Кина.

-Имаме заеднички интерес да ја охрабриме Кина да се воздржи од економски практики кои ни наштетија на сите. Овие практики се движат од оние кои влијаат на трговијата и инвестициите, преку развојните и климатските политики, до пристапот кон олеснување на долговите на земјите, изјави Јелен на Бриселскиот економски форум.

Јелен, која пред Брисел беше во Полска, а потоа патува на утрешниот состанок на министрите за финансии од Групата седум најразвиени земји (Г7) во Бон, опширно зборуваше за кинеското финансирање во Африка, каде е забележан голем прилив на кинески инвестиции.

Во фокусот на нејзината посета на Европа е и одговорот на последиците од војната во Украина, меѓународниот даночен план што го договори со повеќе од 130 земји минатата година и енергетската криза која придонесува за висока инфлација ширум светот.

Таа ги повика партнерските земји да се приклучат на Вашингтон и да ја зголемат финансиската поддршка за Украина, наведувајќи дека досега објавената билатерална и мултилатерална поддршка нема да биде доволна за да се задоволат потребите на Украина, дури ни на краток рок.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски