Американка на 90 години го победи коронавирусот

Од:

Џенева Вуд од Сиетл, САД, на прагот кон својата 10-та деценија од животот заболе од коронавирус, но и го победи. Со тоа, таа стана симбол на надежта за илјадници заразени Американци, особено оние повозрасните, но и за милиони луѓе кои деновиве жиивеат во страв.

Џенева се заразила во средината на февруари. Нејзината внука Кејт Нејди за „Сиетл Рефајнд“ истакнува дека баба ѝ се извлекла оти отсекогаш била борец.

Џенева Вуд има пет деца, 11 внуци, 12 правнуци и три праправнука. Од болница ќе биде пуштена следната недела.

Пред неколку дена, иранските медиуми објавија дека 103-годишна жена од пошироката околија на Техеран исто така се излечила од коронавирусот. А пак, британските медиуми пишуваа за успешно излечена брачна двојка од Хангжоу, Кина – кинески астроном на 98 години, и неговата 85-годишна сопруга.

Едно од највозрасните излечени лица во Кина, според италијанските медиуми, е и пензионираниот бискуп од Нанјанг – монсињор Жу, кој има 98 години.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак