Роберт Хамилтон од Индијанаполис може да ја понесе титулата за најсреќен Американец бидејќи за три месеци два пати добил на лото по милион долари.
Претставници на Лотаријата во Индијана соопштиле дека Хамилтон добил милион долари, а истиот износ, веќе го добил на лото во април, пренесува Фокс њуз.
Среќниот добитник изјавил дека првиот милион долари ќе ги искористи за да ги исплати сите долгови, да купи куќа за себе и сопругата, да оди на одмор и да вложи во бизнис.
Дел од втората добивка ќе ја искористи за да си купи мотор, планира Хамилтон.