Американците даваат сè помалку поддршка за справувањето на Трамп со епидемијата

Од:

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп околу справувањето со епидемијата на коронавирусот во САД падна на досега најниско ниво, според најновите анкети на ИОСОС.

Анкетата покажува дека 37 проценти од Американците го поддржуваат Трамп во справувањето со епидемијата, што е најмала поддршка од последната анкета од ваков вид, која беше спроведена на почетокот на март. Околу 58 проценти се изјасниле дека не го поддржуваат начинот на кој претседателот се справува со кризата.

Трамп беше бавен во јавното признание за сериозноста на пандемијата, од која досега починаа повеќе од 120.000 Американци, но побара од државите побрзо да се отворат пред да се изјаснат експертите дека состојбата е безбедна.

Членовите на Републиканската партија на Трамп исто така се повеќе песимистични отколку во кој било период на неговиот мандат.

Од нив, 43 проценти изјавиле дека веруваат дека земјата оди во „вистинска насока“, што е најниската стапка на поддршка од моментот кога Трамп ја презеде функцијата во јануари 2017 година.

Анкетата е спроведена на 1.115 лица, меѓу кои 503 демократи и 408 републиканци.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот