Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Од:

Властите во Кремљ денеска оценија дека е неприфатлив односот кон руските новинари кои отпатуваа во САД за да известуваат за претседателските избори следната недела.

Руските медиуми објавија дека новинарите на медиумската група „Известија“ биле испрашувани 10 часа, а на еден од нив му била одземена визата и дека бил протеран од земјата. Американските власти се уште не ги коментирале овие извештаи.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва ќе бара подетални информации за инцидентот.

„Ваквиот однос кон новинарите, се разбира, не ги покажува американските власти во добро светло, особено откако тие (новинарите) ги завршија сите формалности и процедури и ги добија сите дозволи за влез“, рече Песков, додавајќи дека Американецот однесувањето „веројатно е во спротивност со принципите на слободата на медиумите, што е неприфатливо.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија „ќе одговори соодветно“.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија