Американци планирале да изградат воена база на Месечината во 1959 година

Од:

Тајниот документ „Проект Хоризон“, кој од недела и е достапен на јавноста, покажува дека американската војска уште од 1959 година планирала да инсталира воена база на Месечината, која би ја користела за надзор во шпионски и комуникациски цели.

  Документот е декласифициран на 45-годишнината од слетувањето на „Аполо 11“ на Месечината и тоа во момент кога односите помеѓу САД и Русија го достигнуваат најниското ниво од завршувањето на Студената војна, во која Русите долг период биле во предност.
Објавениот документ ги открива плановите на Американците за инсталирање на воена база на Месечината, која би била користена за развој на техниките за надзор на Земјата и Вселената.

Според американскиот план инсталирањето на базата требало да  трае од  1964 до 1969 година и од неа требало да бидат напаѓани одредени  цели на Земјата, но и во Вселената.
„Проектот  Хоризон“ открива и дека американската војска имала намера да ги истражи последиците од експлозија на атомска бомба на Месечината или во нејзина близина, со цел „светот да се воодушеви  од американската сила и моќ“.
Сепак  проектот не е реализиран поради тоа што раководството сфатило дека ризикот ги надминува можните бенефити.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ