Америка тврди: Русија манипулира со Сноуден

Од:

Поранешниот директор на американската Национална безбедносна агенција НСА, Кит Александер изјави дека руските власти манипулираат со поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден.

Тој за австралискиот „Австралијан фајненшел ривју” рече дека Русија ќе се обиде да извлече корист од фактот што доверливите информации, кои што Сноуден ги обелодени се штетни за САД.

-Мислам дека руската разузнавачка служба сега манипулира со него. Не знам кога тоа точно започнало, ниту во колкави размери. Претпоставувам дека руските разузнавачи управуваат со неговите постапки. Исто така треба да сфатите дека тие ќе му дозволат да го прави она што и оди во прилог на Русија или придонесува за јакнење на неговиот кредибилитет. Тие нема да го прават она што на нив би можело да им нанесе штета- вели Александер.

Според него со обелоденувањето на информациите за шпионажа од страна на НСА, Сноуден предизвикал штета на разузнавачките системи во САД, како никој до сега, пишува „Франс прес“.

-Тоа е најголема штета во историјата. И тоа има големи последици врз способноста на сите наши разузнавачки системи да ги штитат и бранат нашите граѓани. Сметам дека на крај ќе има жртви, поради она што Сноуден го направи, нема да можеме да ги заштитиме луѓето со капацитетите кои некогаш беа ефикасни –рече Александер.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари