Американскиот претседател Џо Бајден најави дополнителни 690 милиони долари трошоци за напорите за поддршка на демократијата ширум светот, како и планови за обезбедување дополнителни 9,5 милијарди долари од Конгресот за истата цел.
Голем дел од парите ќе одат преку нова канцеларија што ќе се формира во рамките на американската агенција за меѓународен развој, рече американскиот претседател.
Агенцијата ќе работи во рамките на Стејт департментот и ќе биде одговорна за програмите за хуманитарна помош.
Бајден ги откри плановите за финансирање за време на виртуелен собир на лидери на одредени нации, кои неговата администрација ги смета за „демократии“ наспроти оние што тој ги класифицира како „автократии“.
„Демократиите во светот стануваат посилни, а не послаби. Автократиите во светот стануваат се послаби, а не посилни. Нашиот свет треба да ги зајакне демократијата, да го запали пламенот на слободата за нас и за генерациите што доаѓаат“, рече Бајден, пренесе Ал Џезира.
Сумата од 690 милиони долари беше доделена на Иницијативата на претседателот за демократска обнова, која Бајден ја започна во 2021 година за време на инаугуративниот Самит за демократија.