Амбасадата на САД во Русија му врачи порака на Сноуден да се предаде

Од:

Амбасадата на САД во Русија му врачила порака на Едвард Сноуден преку еден од активистите за човекови права кои денеска се сретнаа со овој поранешен соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), во која било наведеноо дека тој мора да биде изведен пред суд.

Сноуден денеска се сретна со 13 претставници на организации за заштита на човековите права на московскиот аеродром „Шереметјево“, во чија транзитна зона се наоѓа откако на 23 јуни со авион допатува од Хонг Конг.

Татјана Локшина од руската филијала на „Хјуман Рајтс Воч“, на новинариите им кажа дека му ја пренела пораката на Сноуден, која тој ја добил во пресрет на состанокот.

Локшина, какп што јави телевизијата „Раша тудеј“, потврди дека Сноуден има намера да побара политички азил во Русија, бидејќи, како што рекол, „не може да отпатува во Јужна Америка“.

На прашањето дали Сноуден има намера да продолжи со објавување информации, Локшина изјави дека тој рекол оти „неговата работа завршила“.

Претставникот за печат на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Кремљ се уште не добил барање од Едвард Сноуден за политички азил, но дека условите за негово добивање остануваат исти како и до сега – да се откаже од активностите кои им штетат на САД, јави ИТАР-ТАСС.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска