Амбасадата на САД во Кина ги предупреди вработените да се заштитат од дожд

Од:

Амбасадата на САД во Кина им препорача на своите вработени да се заштитат од дожд со цел да избегнат контакт со отровните материи, што истекоа во околината по експлозијата во Тјанцин на 12 август.

– Во најскоро време се очекуваат дождови, избегнувајте секаков контакт на кожата со дождот. Ако дождот ви ја наврне облеката, соблечете ја и најбрзо истуширајте се, се наведува во писмото испратено до вработените во Амбадата на САД во Кина.

Земеник-градоначакникот на Тјанцин, Хе Шушан денеска изјави дека во зоната на несреќата откриен е натриум цијанид, што ќе биде остранет до крајот на денот. Загадувањето со отровни материи може да се прошири ако заврне дожд, а метеоролозите прогнозираат врнежи во текот на ноќта.

– Во реонот се наоѓаат вкупно 700 тони натриум цијанид, од кој поголем дел е во сигурна амбалажа, наведуваат локалните власти.

Бројот на жртвите во експлозиите во магацин за хемиски материи се искачи до 114 луѓе, а 70 се водат како исчезнати, а приближно 700 се повредени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја