„Амазон“ ѝ нуди помош во дистрибуцијата на вакцините на новата претседателска администрација

Од:

Американската компанија Амазон понудила помош во напорите на американската администрација да се изведе масовна вакцинација низ САД, се наведува во нејзиното писмо до претседателот Џо Бајден.

Британските медиуми наведуваат дека Амазон во писмото до Бајден ја потврдува подготвеноста да ја подобри дистрибуцијата на вакцините.

„Подготвени сме да ги ставиме на располагање сите наши оперативни способности, експертиза, информатичка и комуникациска технологија за да им помогнеме на активностите на американската администрација за масовна имунизација на населението“, наведува Амазон во писмото до претседателот Бајден.

2021-01-20 21:20:30, од Сашко Димевски

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД