Алжирец силувал девојка во парк: „Шокиран сум што се најдов во затвор, јас сум добро воспитан“

Од:

Франција бележи драматичен пораст на случаите на силување кои се зголемија во тандем со масовната имиграција, пишува чешки Ремикс.

Откако 35-годишниот мигрант од Алжир Ахмед Калеф беше осуден за силување на жена која чекаше трамвај во францускиот град Беглес, тој тврдеше дека е „добра личност“ и дека е „шокиран“ од должината на неговата затворска казна.

„Јас сум добра личност“, изјави Калеф пред судот.

Во понеделник, 24 април, поротата во Жиронд го прогласи Калеф за виновен за силување под закана со оружје и насилство врз лице кое има јавни овластувања. Сепак, тој тврдеше дека „ништо не разбира“.

„Шокиран сум што се најдов овде во затвор 26 месеци откако дојдов во Франција да градам иднина“, рече Калеф.

Случајот за кој е осуден датира од 2021 година. Таа година, тој и пријде на една 20-годишна жена која чекаше трамвај на станицата Парк Мусонвил во Беглес.

Таа се посомневала кон мажот и отишла пред надзорните камери на трамвајот, според извештајот на францускиот медиум „Sud Ouest“.

Тоа не го одвратило Калеф, која и ставил нож под вратот, ја одвлекол во паркот, а потоа ја силувал. Полицијата веќе била повикана на местото на настанот, откако сведоците на инцидентот се загрижиле за жената.

Жртвата, која била во шок, ја видела полицијата како се шета со батериски ламби во паркот и им ја пријавила случката.

За тоа време напаѓачот воочил две 18-годишни патнички и почнал да ги „пипка“ и да ги навредува на арапски.

Полицијата соопшти дека кога влегла да го уапси сторителот, тој почнал да го гризе јазикот, да ги плука крв и да дава отпор при апсењето; потоа со тупаница го удрил полицискиот службеник во носот и го повредил.

Калеф, кој рече дека е „единствениот“ меѓу седумте сестри, на суд тврдеше дека е „нормална личност“ којашто е „добро воспитана“ од неговите родители.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано