Алваро Урибе: Мировниот договр со ФАРК беше лош и недоволен

Од:

Поранешниот претседател на Колумбија, Алваро Урибе го оцени мировниот договор на владата со левичарските бунтовници од групата ФАРК како „лош и недоволен“.

Урибе претходно се сретна и разговараше со актуелниот шеф на државата, Хуан Мануел Сантос.

Во текот на кампањата пред референдумот за верификација на договор, постигнат по безмалку четири години преговори, Урибе агитираше против овој документ.

– На Колумбја и е потребен мировен договор што сите ќе ги задоволи, а не само половината Колумбијци, изјави Урибе по средбата со претседателот Сантос.

Ова беше прва средба на двајцата политичари, откако Сантос пред шест години беше избран на претседателската функција.

Тие двајцата порано беа блиски сојузници, но станаа остри противници, кога актуелниот претседател одлучи да и стави крај на војната со ФАРК и да почне преговори со претствници на бунтовниците.

Поранешниот претседател Урибе сега смета дека треба да продолжат преговорите , но инсистира да им се суди на оние бунтовници кои имаат извршено злосторства, како и да не се дозволи, во политиката на земјата, да се вклучат сите водачи на ФАРК.

Сантос, во вторникот, одржа во Богота, средба со претставниците на опозицијата, на која не присуствуваше поранешниот претседател, а сега сенатор Урибе.

По неуспехот на референдумот, владата и претседателот настојуваат да се сочува мирот и да спречи обнова на војувањето.

Медиумите во Богота, јавуваат дека владини претставници веќе отпатувале за Хавана, во Куба, на нова средба со претставниците на ФАРК, во обид да се спаси договорот.

На референдумот во неделата, договорот не беше прифатен за само 60 илјади гласови.

Десетици илјади Колумбијци излегоа на маршеви во главниот град Богота и низ земјата, со барање до владата и бунтовниците да не ги обноват непријателствата.

Во текот на 52 годишните судирања на армиските сили и на бунтовниците од ФАРК, кои сакаа да воспостават левичарска власт по углед на онаа во Куба, во земјата, загинаа или беа убиени повеќе од 220 илјади лица, а други осум милиони беа раселени.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски