Алијев прогласи победа на Азербејџан во војната за Нагорно-Карабах

Од:

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, денеска изјави дека завршила војната во Нагорно-Карабах, со победа на неговата земја.

– Патриотската војна заврши. Азербејџан извојува брилијантна победа во оваа војна, нашите земји се ослободени од окупација, ги протеравме окупаторите од нашите земји, истакна Алијев.

Во судирите во Нагорно-Карабах меѓу ерменските и азербејџанските сили, што почнаа на 27 септември, загинаа најмалку илјада луѓе. Досега беа потпишани четири договори за прекин на огнот, од кои најновиот беше постигнат на 10 ноември. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан заедно со претседателите на Русија и Азербејџан, Владимир Путин и Илхам Алијев усвоија трилатерална изјава за прекин на огнот во Нагорно-Карабах и предавање на регионите Калбаџар, Лачин и Агдам на Азербејџан.

Покрај тоа, руски мировни сили се распоредуваат во Нагорно-Карабах, територија меѓународно призната како дел од Азербејџан, а населена со Ерменци, кои бараат припојување кон Ерменија.

Поради најновиот договор за прекин на огнот во Ереван почнаа протести, а демонстрантите тврдат дека потпишувањето е велепредавство.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“