Алиев: Прекин на огнот само со повлекување на ерменските трупи

Од:

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави дека ќе се согласи на прекин на огнот доколку Ерменија вети дека ќе ги повлече своите трупи од Нагорно-Карабах.

Тој рече дека Баку ќе биде подготвен да ги прекине своите операции во Нагорно Карабах доколку Ерменија вети дека ќе ги повлече своите сили од градовите во регионот.

– Нашиот услов за прекин на огнот е Ерменија да предложи привремена агенда за повлекување на војниците од окупираните азербејџански територии во Нагорно Карабах, што не би се реализирала само со зборови, туку да се спроведе со дела (со детали) на кои територии ќе бидат ослободени во кои денови, изјави претседателот на Азербејџан за Ал-Арабија.

Алиев додаде дека Азербејџан се согласува дека проблемот со Ерменија мора да се реши преку дијалог, но дека мора да има основа за такво нешто.

– Ерменскиот премиер мора да ја потврди својата согласност со претходните договори, според кои териториите на Нагорно-Карабах се признаваат како окупирани азербејџански територии, рече Алиев.

Според него, за прекин на огнот треба да се извини и премиерот на Ерменија, кој наводно ги нарекол окупираните азербејџански територии како ерменски.

– Доколку овие услови не бидат исполнети, операциите на Азербејџан ќе продолжат и Баку ќе се обиде да воспостави нормални односи со ерменскиот народ по ослободувањето на неговите територии, рече Алиев.

Претседателот на Азербејџан му се извини и на францускиот претседател Емануел Макрон за тврдењето дека сириските џихадисти ќе бидат префрлени во регионот за да учествуваат во операциите во Нагорно Карабах.

Главните борби во непризнатиот регион Нагорно-Карабах во Јужен Кавказ започнаа минатата недела. Двете страни взаемно е обвинуваат за почетокот на конфликтот и тврдат дека нивните сили убиле илјадници непријателски трупи.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска