САД го прифатија поставувањето на Карлос Алфред Векио за привремен вршител на должност на Венецуела во САД, соопшти Стејт департментот.
Именувањето на Векио е на одлука на самопрогласениот привремен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо. Векио ќе биде задолжен за дипломатските односи во САД во име на Венецуела.
По именувањето Векио се сретна со потпретседателот на САД за политички работи Дејвид Хејк, кој ја потврдил силната поддршка на Вашингтон за Гуаидо.