Шест затвореници загинале по нападот на централниот затвор во сирискиот град Алепо, во текот на долгата битка помеѓу бунтовниците и силите на претседателот Башар ал Асад.
Сириската Канцелеларија за човекови права, со седиште во Лондон ги објави податоците за жртвите и додаде дека се уште не е познато кој испалил проектили врз затворот.
„Асошиејтед прес“ пренесе дека сириското Муслиманско братство ги повикало САД и Европа да им испратат оружје, поради интензитетот на офанзивите на силите на Асад.
-Обезбедување соодветно оружје за Слободната војска на Сирија (ФСА) и бунтовниците-револуционери сега е од голема важност. Се чувствуваме измамени и разочарани бидејќи САД и Европа се повлекоа од вооружување на (ФСА), се наведува во соопштението на сириското Муслиманско братство.
Државната сириска агенција„ САНА“ објави дека голем број бунтовници се убиени во текот на гранатирањето на затворот, но не го наведе точниот број.
Алепо е најголемиот сириски град и се наоѓа во близина на границата со Турција.
Според проценките на ОН од март 2011 година, кога и започнаа немирите кои подоцна прерасна во граѓанска војна, загинаа 93.000 лица од кои 6.000 се деца.
Eлена Георгиевска