Албанска криминална група планирала грабежи и киднапирање на дете на министер во Чешка

Од:

Чешката полиција на почетокот на годината притворила деветчлена криминална група, која подготвувала грабежи на куќи на неколку богати луѓе од Прага, меѓу кои и на домот на министерот за финансии Андреј Бабиш, објавија локалните медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од чешкиот главен град, дел од порталите, повикувајќи се на информации од тајните служби за безбедност, објавија дека наводно било планирано и киднапирање на детето на министерот Бабиш.

Повеќето од членовите на бандата биле од Албанија, кои соработувале со чешки граѓани, а Бабиш ги потврди како точни информациите.

– Групата наводно била сигурна дека нема да биде откриена, бидејќи соработувале со домашен полициски припадник, кој требало да ги извести доколку полицијата почне истрага, јави порталот „Респект“.

Претставници на специјалната Единица за борба против организираниот криминал не сакаа да ги коментираат објавените информации, иако се смета дека во најскоро време ќе почне судскиот процес против членовите на криминалната група.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница