Мексико прогласи аларматна состојба во пет држави по исчезнувањето на иридиум 192, радиоактивна супстанца, која се користи во индустријата, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува БТА.
Сигнал за тревога е објавен во државите Табаско, каде се случило истекувањето, Кампече, Чиапас, Оаксака и Веракруз.
Иридумот 192, означен како X-571 се наоѓал во контејнер, кога бил украден во понеделникот од камион во Карденас, град во јужниот дел на Табаско.
– Оваа супстанца е мошне штетна за луѓето, доколку се отвори од контејнерите во кои се чува, се вели во соопштението.
Кражбата беше пријавена од компанијата „Гарантиа Радиографика е ингенериа“.