Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица

Од:

Делови од Централната железничка станица во Стокхолм вечерва беа опколени поради аларм за бомба, по што на местото пристигнаа полициски експерти за експлозиви.

Алармот се вклучил во 17 часот и 45 минути, а на главната станица во главниот град на Шведска бил пронајден „сомнителен опасен предмет“, поради што полицијата опколила делови од зградата.

Како што пренесува Експресен, приведени се неколку лица, но полицијата не сакала да открие повеќе детали за бројот на уапсените лица и нивната возраст.

Целата северна сала беше затворена, а полицијата ја опколи областа и ги предупреди луѓето да се повлечат.

На местото на настанот била повикана Националната единица за експлозиви, која го задржала сомнителниот предмет, кој дополнително ќе се истражува.

Полицијата не соопшти дали навистина се работи за бомба, а станицата била деблокирана во 19.15 часот.

Би можело да ве интересира

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болница во Шведска

Наставник ги казни учениците, им залепи лента на устите

А1он

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он