Алан Жупе најави кандидатура за претседател на конзервативната УМП

Од:

Алан Жупе, поранешниот премиер на Жак Ширак и шеф на дипломатијата во времето на Франсоа Митеран и Никола Саркози, најави дека ќе биде кандидат за претседател на конзервативната УМП за претседателските избори во 2017 година, јавува дописникот на МИА од Париз.

 – Одлучив да бидам кандидат на идните избори, најави Алан Жупе на својот блог со што ја официјализира својата кандидатура за претседелски кандидат на примарните избори на УМП.

– Остануваат помалку од две години за да се организираат (бидејќи разумноста сака тие да се одржат во прилетта 2016 година). Тоа е добар рок, дополнува Жупе во однос на примарните избори.

Тој смета дека е потребна една кандидатура на Унија, која ќе дозволи да се одмерат силите на едната страна со Националниот фронт и на другата страна со Социјалситичката партија.

Актуелниот градоначалник на Бордо смета дека дел од размислувањата кои ги изнесува заслужуваат да бидат продлабочени и доработени. Тој се залага за заедничка кандидатура на десницата и центарот уште при првиот круг на изборите бидејќи во спротивно во случај на поделби последиците во вториот круг се непредвидлив. Зборувајќи за владата на Мануел Валс, Алан Жупе е на мислење дека таа „ја изгуби довербата на Французите“.

Истакнувањето на кандидатурата на Алан Жупе не е случајно, бидејќи се повеќе се зборува за наводното враќање во политиката на Никола Саркози, кој во моментов има серизони проблеми со фрацуските судски и истражни органи.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата