Алан Жупе е најпосакуваната личност како кандидат на Републиканците за претседател на Франција

Од:

Алан Жупе е најпосакуваната личност, пред Никола Саркози (33%), како кандидат на Републиканците (ЛР) – пораншената УМП, за претседателските избори во 2017 година, кај поддржувачите на десницата и центарот, според анкетата на ИФОП за Журнал ди диманш, јавува дописникот на МИА од Париз.

Пред помалку од еден месец, непсоредно пред конвенцијата на Републиканците одржана на 30 мај, во април, процентите беа токму во спротивен правец, 42% за Никола Саркози и 33% за Алан Жупе, се вели во коментарот на венсикот Журнал ди Димаш, за кој оваа прoмена преставува “настан “.

На прашањето: “Која личност, меѓу следните, би сакале да ги видите, определени како кандидат за претседателските избори во 2017 година, преку примарни избор организирани од републиканци на 20 и 27 ноември 2016 година за да го номинираат својот кандидат за претседателските избори “, 42% од испитаниците го избраа Алан Жупе , пред Никола Саркози (33%), Бруно Ле Мер (13%) и Франсоа Фијон (7%).

Ксавиер Бертран и Натали Кошиуско-Морзе се со по 2% и Ерве Моран (1%).

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата