Алабама: Пожар зафати 35 бродови, осуммина загинати

Од:

Најмалку осум лица загинаа денеска во пожар кој „проголта“ околу 35 бродови, закотвени долж реката Тенеси во американската сојузна држава Алабама, изјави шефот на пожарникарската служба на Скотсборо, Џин Неклаус.

Тој истакна дека настрадале сите осум луѓе кои се воделе како исчезнати, а бројот на загинатите би можел да се зголеми, бидејќи не се знае колку точно лица се наоѓале на бродовите кои потонале.

Неклаус нагласи дека седум лица, кои биле изложени на многу студена вода или се здобиле со изгореници, биле хоспитализирани. Според него, повеќето од бродовите се користеле за домување, а пожарот избил по полноќ додека луѓето спиеле.

Тој додаде дека е потребно нуркачки екипи да го лоцираат секој од бродовите и да ги пребараат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски