Ал Шабаб: Кенија не ни може ништо

Од:

Сомалиската група Ал Шабаб, која ја презема одговорноста за нападот во трговскиот центар „Вестгејт мол“ во Најроби, каде загинаа најмалку 59 лица, денеска соопшти дека Владата на Кенија нема ниту моќ, ниту сила да и се спротивстави.

По нападот во луксузниот шопинг центар, каде се уште се наоѓаат непознат број исламистички експремисти кои држат околу 30 заложници, претседателот на Кенија, Ухуру Кената вети дека извршителите на ова злосторство ќе бидат „брзо и болно“ казнети.

На оваа негова изјава, портпаролот на групата Ал Шабаб, Абдиасис Абу Мусаб истакна од Сомалија дека не гледа како кениските власти можат да им се спротивстават.

– Каде Кената ќе собере сили кои за нас би претставувале закана? Неговата војска е најслаба во Африка. Ние се бориме со нив веќе две години. Ако Ухуру од нас сака мир, тогаш треба да ги повлече своите трупи од Сомалија, нагласи Абу Мусаб.

Тој, исто така, му порача на кенискиот претседател дека „неговите закани и блефирања не значат ништо, туку нека ја земе својата пушка и да се соочи со нив на линијата на фронтот“.

Бунтовничкото движење Ал Шабаб, кое е поврзано со терористичката мрежа Ал Каеда, ја презеде одговорноста за масакрот во трговскиот центар во Најроби, кој делумно е во израелска сопственост, со образложение дека нападот е „директна одмазда за кениската воена интервенција во Сомалија, каде војници на Африканската унија се борат против исламистите“. 

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“