Сомалиската исламистичка групација Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот врз универзитетскиот комплекс во соседна Кенија, јави ТАСС.
Ал Шабаб ги ослободила судентите муслимани, кои се наоѓале во комплексот. – Исламистичката групација ги задржала нивните колеги христијани, при што убила дел од нив, а други држи како заложници, изјави портпаролот на Ал Шабаб за воени операции шеикот Абдиазиз Абу Мусаб.
– Има многу тела на мртви христијани во зградата. Освен тоа неколку христијани држиме како заложници. Судирите продолжуваат, изјави портпаролот на Ал Шабаб.
Околу 50 студенти успеаја да го напуштат кампусот, но околу 400 нивни колеги останале заробени од напаѓачите.
Веќе се ослободени три од четири згради на комплексот во градот Гариса, а напаѓачите и натаму ја контролираат последната зграда, во која ги држат заложниците.
Бројот на убиените во нападот достигна 15 лица, а најмалку 60 лица се ранети.