Ал Шабаб ја презеде одговорноста за масакрот во Кенија

Од:

Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда денеска презеде одговорност за нападите во кенискиот град Мпенкетони, при што загинаа најмалку 49 луѓе.

Ал Шабаб изјави дека масакрот е одмазда за акциите на кениската Влада, која според групата ги малтретира муслиманите и ги убива исламските духовни лидери, како и поради учеството на кениската армија во операцијата против Ал Шабаб во Сомалија. Исламистичката група ги предупреди странците да не ја посетуваат Кенија бидејќи земјата ќе се претвори во воена зона.

Ал Шабаб забранува да се игра и да се гледа фудбал. Припадници на Ал Шабаб синоќа влегувале во кафулињата и хотелите во Мпекетони, каде луѓето гледале фудбалски натпревар од Мундијалот во Бразил.

Според очевидците, жртвите пред да бидат елиминирани биле подложени на јазичен и религиозен тест. Убиени биле тие што дале погрешен одговор. Напаѓачите ги елиминирале оние кои не биле муслимани или не го зборувале сомалискиот јазик.

Ан Гатити изјави дека напаѓичите и дошле во домот и го убиле нејзиниот сопруг откако тој изјавил дека неговото семејство е христијанско.

Друг жител, Џон Ваверу изјави дека неговите двајца браќа се убиени откако им кажале на напаѓачите дека не го зборуваат сомалискиот јазик.

Градот Мпенкетони се наоѓа во близина на границата меѓу Кенија и Сомалија.

На слични религиозни тестови беа подложени и жртвите од трговскиот центар „Вестгејт“ во Најроби, при минатогодишниот напад.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви