Противниците на режимот на сирискиот претседател Башар Асад се повеќе се под влијание на терористи, поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда. Тоа го изјави Герхард Шиндлер шеф на Федералната разузнавачка служба на Германија во интервју за Велт.
– Во Сирија успешно дејствуваат структури кои се поврзани со Ал Каеда. Станува збор за неколку илјади борци од групата Џебхат ан Нусра (Фронт на победата) чија улога во вооружениот конфликт со Асад е се позначајна, вели Шиндлер.
Претходно тој изјави дека службата располага со намален број на податоци за случувањата во Сирија,загубите на страните и дезертерите.
Според разузнавањето, екстремистите сепак се малцинство меѓу противниците на Асад. Според Шиндлер, приврзаниците на режимот немаат шанса за победа во борбата со бунтовниците.
– Владата на Асад отстапува позиции и во крајна сметка ќе претрпи пораз, вели тој.