Терористичката група Ал Каеда се огласи на неколку џихадски веб-сајта со понуда за обука на бомбаши-самоубијци.
Преку интернет огласите тие бараат доброволци кои можат да ги контактираат на маил или со поставување коментари под објавите.
„Целта на оваа обука е да ги продолжиме заедно, со нашите браќа, операциите и масовните убиства на непријателите на исламот. Сега е повеќе од јасно дека делата на еден борец или „осамен волк“ се раширија насекаде и даваат резултати“- стои во огласот на Ал Каеда.
Постои и хиреархиски редослед на приоритетите на идните бомбаши: Америка, Израел, Британија и Франција, односно целта на нападите ќе им бидат „оние кои се борат против муслиманите и исламот“, економските, воените и медиумските противници.