Ал Каеда на Арапскиот полуостров повика на џихад во Мали

Од:

Огранокот на терористичката мрежа Ал Каеда од Јемен повика на џихад (света војна) против француската воена интервенција во Мали, соопшти денеска американскиот центар за набљудување на исламистички сајтови (SITE), цитиран од француските медиуми.

„Крстоносниот поход против исламот, воден од Франција во Мали, не е вооопшто оправдан и претставува објавување војна против исламот и муслиманите“, се наведува во коминикето на Ал Каеда на Арапскиот полуостров.

„Поддршката за муслиманите во Мали е долг за секој муслиман, способен да го исполни“, се тврди во коминикето, во кое се прецизира дека „муслиманите долгот кон џихадот можат да платат со својот живот или да дадат финансиски придонес“.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Убиен лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Ана Ололовска

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

А1он

Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Катерина Ѓуровски