Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адел ал Џубеир изјави дека политичката иднина на сирискиот претседател Башар ал Асад и повлекувањето на странските војници од земјата се основните услови за изнаоѓање на решение за конфликтот во Сирија.
На годишната конференција за регионална безбедност што се одржува во во главниот град на Бахреин, Манама, Џубеир изрази песимизам коментирајќи ја меѓународната средба за Сирија во Виена.
– Не успеавме да се договориме, истакна Ал Џубеир додавајќи дека присуството на странски борци, вклучително и ирански, ја вложува кризата.
Тој додаде и дека Саудиска Арабија не ја сменила политиката кон Сирија и оти и понатаму ја поддржува умерената опозиција.
Шефот на саудиската дипломатија изрази надеж дека Иран ќе ја искористи дополнителната финансиска помош по укинувањето на меѓународните санкции за развој на својата економија, а не за агресивни политики.
Ал Џубеир осврнувајќи се на ситуацијата во Јемен прогнозира дека конфликтот меѓу силите на меѓународно признаената Влада и шиитските бунтовници Хуси е во финална фаза, поради воените успеси на владините сили и нивните сојузници од арапско сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија.