На спасувачката акција и се наѕира крајот. Репортерот на „Ал Џезира“ јавува дека последното момче и тренерот стигнале до пештерата број три, што значи дека го минале најтешкиот дел од патот. „Ал Џезира“ очекува наскоро да се појави вест дека и тие се безбедно извлечени од пештерата.
Претходно денеска беа извлечени три момчиња од пештерата, јавија светските медиуми.
Амбулантно возило пред околу половина час беше видено како го напушта местото кај пештерата во северен Тајланд.