Ал Џазира укинува 500 работни места низ светот

Од:

Катарската глобална телевизиска мрежа Ал Џезира , соопшти дека укинува 500 работни места.

Повеќето од нив се во седиштето на телевизиската компанија во Доха, но во соопштението се вели дека се затвораат и работни места во странство.

– Станува збор за тешка одлука, но тоа мора да се направи во интерес на целата компанија, изјави во катарскиот главен град, генералниот директор на компанијата Мустафа Суаг.

Ал Џазира е создадена со одлука на владата на Катар, во 1996 година, а досега имаше дописништва во повеќе од 70 земји низ светот. На почетокот само како сеарапска телевизиска мрежа, но подоцна се појави и на англиски јазик.

На почетокот од оваа година, компанијата соопшти дека ја затвора „Ал Џазира-Америка“, објаснувајќи ја ваквата одлука со драстично намалената гледаност на нејзината информативна програма.

Компанијата вложи големи пари во создавањето на програмата вести во САД, ангажирајќи познати американски телевизиски новинари и водители, но тоа не успеа да помогне за да се одржи програмата.

Засега нема објаснување, зашто доаѓа до ново укинување на работни места, но се верува дека и во овој случај станува збор за пад на гледаноста.

На Ал Џазира и се забележуваше што почна да ги застапува позициите на властите во Катар, посебно кога станува збор за одбраната на т.н. арапска пролет, а пред се, за настаните во Египет, што доведе до влошување на односите меѓу Каиро и Доха, затоа што катарската телевизија отворено застана на странаат на исламистите.

Во војната во Сирија, Ал Џазира ги поддржува бунтовниците од „умерените исламски групи“ и соборувањето од власт на претседателот Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on