„Ал Арабија“: Ирачки војници стрелаа врз позиции на сириските бунтовници

Од:

Припадници на ирачката Армија отвориле оган врз позиции на сириските бунтовници на територијата на Сирија, објави телевизијата „Ал Арабија“.

Според телевизијата, нападот на ирачките војници им овозможил на сириските владини сили да ја преземат контолата врз еден граничен премин, што до тогаш го држеле бунтовниците.

Ваквата информација, која следи по засилувањето на ирачкото воено присуство на границата со Сирија, засега не е официјално ниту потврдена, ниту демантирана.

Ирачкото Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека две лице се повредени од како на територија на Ирак паднала граната истрелана од Сирија.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија