Ал Арабија: Договорено неколкудневно продолжување на примирјето меѓу Палестинците и Израел

Од:

На денешните преговори во Каиро е договорено продолжување на вчера постигнатото 72-часовно примирје меѓу Израел и палестинската група Хамас, пренесе ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на телевизиската куќа Ал Арабија.

Според египетските медиуми, во најскоро време израелската делегација со посредништво на египетската служба за надворешно разузнавање ќе одговори на палестинските барања.

Американските медиуми наведуваат дека на посредните преговори во Египет во моментов се разгледуваат две главни прашања: продолжување на примирјето и кревање на блокадата на Газа.

Израел, меѓутоа, инсистира прво борците на Хамас да се разоружаат пред да се разгледа барањето на групата за отворање на границите.

Израел и Египет во 2007 година наметнаа блокада на Појасот Газа откако Хамас го презеде управувањето со енклавата, и покрај тоа што Египет не некои Палестинци им дозволуваше да минуват преку границата.

Друга важна тема на преговорите е обновата на Газа со меѓународна помош. Норвешка веќе изрази подготвеност на почетокот на септември да организира донаторска конференција, дополнуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња