Активисти се залепија за пистата на аеродромот во Келн, откажани летови

Од:

Еден од најголемите германски аеродроми ги стопираше сите летови откако климатските активисти се залепија на пистата.

Аеродромот Келн-Бон соопшти дека утринава пристап до аеродромот добиле „неовластени лица“. Најмалку четири дојдовни летови се пренасочени кон блиските аеродроми во Дизелдорф и Хановер, јавува Би-Би-Си.

Десетици летови кои заминуваа од аеродромот во Келн беа одложени или откажани. Групата Last Generation соопшти дека пет луѓе се залепиле на пистата. Групата рече дека „слични мирни, граѓански протести на аеродромите“ се планирани низ Европа и Северна Америка.

Инаку, Келн-Бон е шестиот најфреквентен аеродром во Германија – по Хамбург, Дизелдорф, Берлин Бранденбург, Минхен и Франкфурт. Во мај, аеродромот во Минхен беше принуден да затвори два часа откако шест демонстранти за климата се залепија на пистата.

Осум лица беа уапсени, но прекинот доведе до пренасочување на 11 летови и околу 60 откажани, изјави портпаролот на аеродромот. Потоа, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер рече дека безбедносните мерки на аеродромот во Минхен „ќе бидат преиспитани“.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД