(ВИДЕО) Активисти ја обоија во црно водата во фонтаната во Рим: „Вака изгледа крајот на светот“

Од:

Активисти кои се занимаваат со заштита на животната средина за време на протест ја обоија црна водата во монументалната фонтана на познатата римска Пјаца ди Спања, во чии рамки, како што истакнаа, сакале да евоцираат сценарио за „крајот на светот“.

Тројца активисти од организацијата Last Generation истуриле течен јаглерод врз основа на растителни екстракти во познатата фонтана, барокно ремек дело од 17 век, сместено во подножјето на Шпанските скали (Scalinata della Trinità dei Monti), пред да бидат избркани од полицијата.

Фонтаната во облик на брод ја дизајнираше познатиот италијански скулптор Пјетро Бернини.

Во соопштението за медиумите на организацијата Last Generation се наведува дека промената на бојата на водата во фонтаната во црна е „навестување за крајот на светот, сценарио кон кое се движиме додека притискаме посилно и потешко на педалата за гас: навестување на суши наизменично со разорни поплави, кои ќе стават крај на животот на Земјата“.

Минатата година, пред општите избори, организацијата почна да одржува мирни, но непријатни протести низ Италија, при што нејзините членови ги повикаа политичарите од сите партии да ги стават климатските промени меѓу нивните приоритети.

Протестите во Италија се дел од низата акции кои организацијата ги одржува низ Европа, а целта им е да привлечат внимание на климатските промени.

Во претходните акции, активистите истураа супа, пире од компири или боја што може да се пере врз бројни уметнички дела во музеите ширум светот.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага