Аксиос: Трамп размислува за медиумска империја како пандан на Фокс њуз

Од:

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за создавање на дигитална медиумска империја која ќе се натпреварува со Фокс њуз, пренесува порталот Аксиос.

Извори откриле за медиумот дека Трамп им рекол на пријателите дека сака да создаде дигитален медиум што ќе го уништи Фокс Њуз. Некои советници веруваат дека Фокс направи грешка откако го прогласи Џо Бајден за победник во Аризона. Досега само Фокс Њуз и АП го објавија Бајден за победник во таа сојузна американска држава.

– Тој планира да ја разбие Фокс. Нема сомнение во тоа, изјави извор.

Постојат многу шпекулации дека Трамп ќе создаде ТВ-канал, но на интернет, бидејќи тој ќе биде поевтин и ќе проработи побрзо. Неговите обожаватели ќе плаќаат за гледање на ТВ-каналот. Многумина од нив ја гледаат „Фокс њуз“ и американскиот лидер планира да ги привлече на неговиот тв-канал.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Најжестокиот напад на Трамп кон Зеленски: „Украина ја нема, не можам да ги заменам мртвите“

Горан Наумовски

Трамп доби предупредување, Иран сака да го убие

Горан Наумовски